Македонската кошаркарска репрезентација го претпре и вториот пораз во групата од квалфикациите за пласман на Европското првнество ов 2021 година. Нашите репрезентетивци прикажаа многу подобро издание во однос на поразот од Естонија, но загубија на гостувањет кај Русија со 77-67. По двете одиграни кола од првиот квалфикациски прозорец, македонскиот тим е закотвен на последното место на табелата во конкуренцијата Б, со два бода и во таква ситуација ќе го чека продолжението на циклусот во ноември.
Русите до победата дојдоа во последната четвртина во кој уште на стартот побегнаа на 10 поени разлика, потоа имаа и плус 13, но нашите најдобри кошаркари не се откажаа и внесоа голема неизвесност кога на две минути пред крај намалија на само три поени негатива, но финишот им припадна на домаќините кои успеаја да ја спасат победата, дури и завршија со плус 10. Осум поени предност, Русите имаа во третиот период, на нашиот тим успеа да намали и да додје до четири негатива. 57-53 беше на влезот од решавачката последна четвртина.
Во првото полувреме, македонската репрезентација беше во одличен ритам во воведниот сегмент кога имаше и предност од максимални шест поени, Русите брзо ја вратија резултатската неизвесност, веќе на влезот од втората четвртина, достигнаа и највисоки плус седум, но во финишот, нашиот тим се избори за минмална негатива на полувремето откако го пропушти завршниот напад за израмнување или дури поен предност.Андреј Магдевски и Шејн Витингтон со по 14 поени беа најдобри стрелци во нашиот тим, Војдан Стојановски постигна 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА