Ги нема Де Лихт и Де Јонг, нема проблеми – Ајакс го преслуша ПСВ во Суперкупот

Ајакс го совлада ПСВ Ајндховен во суперкупот на Холандија со 2-0. Холандскиот великан го одигра првиот официјален натпревар по заминувањето на првите две ѕвезди, Матајс де Лихт и Френки де Јонг и без проблем го совлада големиот ривал.

Тимот од Амстердам поведе уште во 1. минута со голот на Каспер Долберг, а конечните 2-0 ги постави Дејли Блинд во 53. минута.

 

Се вчитува...