Ги одби Ренџерс, Италијанците и Саудиците: Варди пред потпис со нов клуб

Легендата на Лестер, Џејми Варди по 13 години поминати во клубот и сензационално освоената премиерлигашка титула во 2016 година со крајот на сезоната стави и крај на една ера заминувајќи од „Кинг Пауер“.

На 38-годишна возраст англискиот голгетер не размислува за пензија и е подготвен за нов предизвик во кариерата. За негов ангажман постои интерес од Италија, шкотски Ренџерс и Саудиска Арабија, но тој има своја желба.

Варди сака премин во Валенсија која исто така е заинтересирана за негов ангжман како слободен фудбалер. Англичанецот има желба да се пресели со семејството во топлата Шпанија па наскоро се очекува официјализирање на трансферот.

Се вчитува...