Се поверојатно е дека Родриго ги одигра последните минути за Реал Мадрид по вчерашниот натпревар против Овеидо, натпревар во кој Бразилецот доби шанса од првата минута, а не ја искористи во целост па беше заменет по речиси еден час игра.
Замената наиде на големо разочарување кај младиот фудбалер кој незадоволството го изрази на клупата за резерви фрлајќи опрема на клубот. Според шпанските медиуми овој натпревар беше последна шанса да докаже дека за него треба да има место во тимот по што до крајот на преодниот рок ќе следи трансфер во нова средина.
Реал Мадрид е подготвен да се откаже од својот фудбалер за 80 милиони евра. За Родриго постои голем интерес од англиските премиерлигаши Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.
Rodrygo it’s never too late to join mancity
It’s obvious Real Madrid don’t want you there pic.twitter.com/DBHAdrD4fH— ×͜× (@MciNicoo) August 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

