Играше во гигант и ја освои ЛШ, а сега ги изненади сите со она што го работи

Џереми Матије е многу познато име во светот на фудбалот. На врвот на кариерата играше во Барселона, со која ја освои тројната круна во 2015 година. Според добиените информации, поранешниот лев бек, кој ја заврши својата професионална кариера во 2020 година, е вработен во продавницата Интерспорт во Марсеј.

Спротивно на она што веруваа некои корисници на мрежата, тој не е менаџер, туку едноставно вработен во фудбалскиот оддел. Нема сомнеж дека ова е изненадувачки избор по богатата кариера во престижните клубови како Валенсија, Барселона и Спортинг Лисабон.

Матје ја започна својата професионална кариера во Сошо во раните 2000-ти, пред да се приклучи на Тулуз.

Од 2005 до 2009 година, тој одигра 124 натпревари во виолетовиот дрес, постигнувајќи 5 гола и забележа 4 асистенции. Потоа играше за Валенсија, потоа за Барселона, каде ја освои Лигата на шампионите во 2015 година, пред да ја заврши кариерата во Спортинг во Португалија. Во јуни 2020 година, тој ги закачи копачките по тешката повреда.

Се вчитува...