Освоената титула на убедлив начин, пријатната европска „пролет“ и дуелите против великанот Милан се само најава за потенцијалот на Дејан Станковиќ, кој Црвена Звезда го препозна и се одлучи да направи се за да го задржи младиот тренер во своите редови.
За Станковиќ постоеше интерес од повеќе италијански клубови меѓу кои и Удинезе и Сампдорија, но како пренесуваат медиумите во Србија, „пуленот“ на „црвено-белите“ денеска го продолжи договорот со својот матичен клуб до 2024 година со што ќе биде ставено крај на сите шпекулации за заминување од Белград.
Четириесет и две годишникот е во редовите на Црвена Звезда од 2019 година, а новиот договор носи и побогати месечни примања, па Србинот во иднина на „Маракана“ ќе заработува околку 600 илјади евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА