Ги прекршил мерките за карантин – Љубовта кон клубот посилна од се!

Навивач на атински АЕК доби казна од 150 евра поради прекршувањето на мерките за задолжителен карантин. Гркот ја напуштил задолжителната изолација за да го види новиот стадион на својот клуб кој е во изградба.

50-годишниот верен навивач двапати неделно постојано го посетувал стадионот и следел до каде е изградбата. Патувал десеттици километри од местото на живеење само да го види стадионот. Не сакал тоа да го прекрши ниту за време на карантинот поради коронавирусот.

„Не можев да издржам а да не видам до каде е стадионот. Ме запре полиција, и кога ме провери добив казна од 150 евра. Но виновна е сопругата, затоа што требаше да ми обезбеди потврда за излегување а таа направи грешка, и ми извади погрешна потврда“ – истакна Константинос Фотинос за грчките медиуми.

Кога ја слушнале приказната од АЕК, со огромно задоволство се согласиле тие да ја платат казната за својот верен навивач, а Фотинос од клубот ќе го добие и првиот билет за спектаклот кој се подготвува за отворањето на стадионот.

Се вчитува...