Словенците, без сомнение, останаа изненадени од поразот од Македонија на стартот од ЕП во Хрватска, за кој сигурно веруваа дека не може да се случи, но шокирани во одредена мера од начинот на игра, пристапот кон натпреварот и моќта на македонските репрезентативци да се вратат и од негатива останаа и Германците.
Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, како што вели, очекувал квалитетна Македонија но вчера добил и слика за селекција која има сериозни амбиции на шампионатот.
„Знаев дека Македонија има искусен тим, составен од одлични индивидуалци и борбен колектив, а предводен од докажан тренер кој го знае ракометот. Но, да бидам искрен не очекував до крај една таква партија од Македонците посебно кога на почетокот од мечот имаа и негатива од три гола. Да се вратите против Словенија на таков начин навистина ме изненади, а покажува за големината на тимот“ – вели селекторот на Германија, Кристијан Прокоп анализирајќи ги првите мечеви од Групата Ц на Европското првенство.
„Во секој случај не очекува интересна група. Овој пораз ќе ги осоколи дополнително Словенците кои верувам сега против нас ќе играат максимално во желбата за победа“ – дополнува Прокоп.
Германија и Словенија играат утре од 18:15 часот во загрепска „Арена“, а веднаш потоа од 20:30 часот е пресметката и меѓу Македонија и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА