Репрезентацијата на Србија со комплетно променет состав во однос на оној од Европското првенство во Германија, ремизираше без голови со европскиот шампион Шпанија на стартот од натпреварот во А Лигата на нации на УЕФА.
Србија без „ѕвездите“ од ЕП 2024 како Душко Тошиќ, Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ кои му откажаа на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, изгледаше многу подобро на терен од своите изданија во Германија сосема заслужено доаѓајќи до бодот, иако имаше и одлични можности, пред се преку Јовиќ, за да дојде и до победата.
Во вториот натпревар од Групата 4 во А лигата, Данска со 2-0 ја победи Швајцарија. Доргу и Хојбјерг беа стрелци во победата за Данците.
Во Групата 1, пак, Португалија славеше против Хрватска со 2-1. Далот во 7. минута го отвори резултатот за Португалците, а Кристијано Роналдо, постигнувајќи го својот 900 гол во криерата, зголеми на 2-0 во 23. минута.
CRISTIANO RONALDO REACHES 900 CAREER GOALS FOR CLUB AND COUNTRY 🤯🔥
JUST LOOK AT WHAT IT MEANS TO HIM ♥️
— CentreGoals. (@centregoals) September 5, 2024
Хрватите со автоголот на Далот во 41. минута единствено успеаја да го ублажат поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА