Ги викаат милионери, а немаат 18 милиони евра за планираното засилување

Финалистот на Лигата на шампионите Борусија Дортмунд нема да го ангажира играчот од средниот ред Рајан Черки поради тоа што нема пари за него. Од таборот на „милионерите“ досега ги купија Серху Гираси и Валдемар Антон од Штутгарт, а во следните денови треба да ги промовираат Паскал Грос од Брајтон, и Јан Коуто од Манчестер Сити.

Се споменуваше Рајан Черки и тоа за сума од 18 милиони евра од Лион да се пресели во Дортмунд. Имаше желба и кај Французинот да дојде во таборот на „милионерите“, меѓутоа едноставно Борусија нема пари за неговите услуги.

Спортскиот директор Себастијан Кел изјави дека за да го купат Черки, ќе мора да продадат некого. Засега се споменува заминување на Никлас Филкруг за кого е зантересиран Вест Хем, а сигурно заминува младиот Јусуфа Мукоко. Од таборот на Борусија заминаа Марко Ројс и Матс Хумелс, а Јан Матсен и Џејдон Санчо се вратија во своите клубови Челси, односно Манчестер Јунајтед по истекот на позајмиците. Матсен потоа направи трансфер во Астон Вила.

Исто така можно е да замине и Карим Адејеми за кого има силен интерес од Јувентус.

Се вчитува...