Антонио Конте го именуваше Диего Коста меѓу 25-те фудбалери во составот на Челси, кои ќе ја бранат титулата во претстојната сезона во Премиер-лигата.
Бразилецот очекуваше трансфер во Атлетико Мадрид, односно шестмесечна позајмица во одреден клуб со која би чекал да заврши трансфер ембаргото на „јорганџиите“, за да може и официјално да се врати во овој клуб. Сепак, италијанскиот стратег го вклучи во списокот на играчи, земајќи предвид дека меѓу двата клуба не е постигнат договор за трансфер на 28-годишниот голгетер. Коста сега има обврска да ги почитува барањата на клубот, и да се појави на следниот тренинг, или во спротивно повторно ќе биде казнет.
Сепак, Диего Коста се уште престојува во своето родно место во Бразил. Селекторот на шпансата репрезентација, Хулен Лопетеги, за квалификациските натпревари со Италија и со Израел се одлучи за искусниот Давид Вилја како опција во нападот, бидејќи Коста моментално е вон форма, не се појави ниту на претсезонските подготовки летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА