Гибралтар јунајтед сонува за Лига на шампиони

Иако репрезентацијата на Гибралтар им е составена од аматерски играчи, односно фудбалери со професии кои немаат врска со фудбалот како готвачи, келнери и таксисти, клубот од нивната прва лига, Гибралтар јунајтед има амбиции за неколку сезони да се бори за настап во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Причина за овој сон да стане реалност е планот на богата компанија од средниот Исток (чие име засега се држи во тајност), за сериозни вложувања во следниот период. Тоа го најави и поранешниот играч на Реал Мадрид, Мичел Салгадо, кој беше промовиран во нов спортски директор и ќе ја има одговорноста да подготвува тим што ќе може да се натпреварува со најдобрите на Стариот континент.

Амбициите се огромни, се најавува сериозен буџет за доведување на квалитетни засилувања, но останува да се види како ќе се убедат играчи со високи квалитети да настапуваат во аматерска лига како онаа во Гибралтар. Сепак потребно е многу повеќе од еден Салгадо за овој сон да стане реалност, но колку поранешниот бек на Реал ќе успее да ги издигне фудбалски, ќе покаже времето.

Се вчитува...