Гибралтар со историска победа, пред дуелот со Македонија

И тоа се случи – Гибралтар и со својата сениорска репрезентација успеа да ја забележи својата премиерна победа во фудбалската историја откако претходно младинците на оваа земја испишааа историја со победата од 1-0 над Македонија.

Гибралтар денеска играше пријателски натпревар против Летонија, успевајќи да стигне до триумф од 1-0, за огромна радост меѓу фудбалските фанови од оваа мала земја.

Интересно, триумфот доаѓа пред дуелот со Македонија со оглед на фактот дека токму Гибралтар ќе биде прв ривал на нашата сениорска репрезентација на стартот од Лигата на Нации, меч што ќе се игра на 6 септември.

Се вчитува...