ЕКИПА во Гибралтар,
Владимир Булатовиќ
Репрезентацијата на Гибралтар утрово ги реализираше финалните подготовки пред утрешниот натпревар против Македонија во Лигата на нациите кој од 20:45 часот се игра на „Викторија стадионот“.
Гибралтарците се пресреќни што за првпат во историјата ќе играат на домашен терен во Гибралтар, па сосема мал простор оставаат за анализите за играта и резултатот на утрешниот меч со македонската селекција. За нив е најважно да се покажат во добро светло како организатори пред УЕФА и како добри домаќини пред Македонија.
„Македонија е секако голем фаворит на утрешниот меч. За нас е најважно да се покажеме во што подобро светло пред нашите навивачи. Ова е голем момент за нас затоа што за првпат ќе играме на своја територија, затоа силно ќе се бориме за честа. Ако успееме да стигнеме и до позитивен резултат тоа би било навистина голем успех“ – вели фудбалерот од средниот ред на Гибралтар, Лиам Вокер.
Македонската селекција пак, исто така, финалниот тренинг ќе го реализира во претпладневните часови а официјалната прес-конференција е закажана за 12 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

