Гичевска: Многу ни е жал што имавме ЕП дома а не го искористивме на подобар начин

Една од најдобрите македонски ракометарки, левиот бек Леонида Гичевска со жалење и горчина го прифати и последниот пораз од Романија, со кој Македонија го заврши настапот на ЕП 2022.

Гичевски жали што не се успеа да се подари барем една победа на прекрасните навивачи кои на трите натпревари дадоа безрезервна поддршка, но верува дека за оваа репрезентација има светла иднина.

„Многу ни е жал што не успеавме да и подариме на публиката барем една победа. И третпат денеска имавме феноменална поддршка, но за жал повторно не успеавме. Многу ни е криво што ете, последе десет години добивме едно Европско првенство на домашен терен, а не успеавме да го искористиме на подобар начин. А, денеска навистина горевме од желба, имаше максимална борбеност од секоја од нас, но не успеавме“ – вели Гичевски, и дополнува:

„Бевме навистина рамноправни со Романките, но падот во играта следеше кога тие почнаа да ротираат а ние остануваме малку главно исти, со тој избор на ракометарки. Како и да е, мислам дека оваа репрезентација има иднина и не чекаат светли денови“.

Се вчитува...