Гидсел и Нилсен на врвот на листите за ЕП 2026

Данска се опорави од шокантниот пораз во првата фаза од Португалија и актуелните светски и олимписки прваци со четири победи во главната рунда го освоија првото место во групата и обезбедија полуфинале против селекцијата на Исланд.

Очекувано, Данците доминираат и на листата на најважни статистички податоци. Матијас Гидсел е на делба на првото место на листата на стрелци со 54 гола, колку што има и Португалецот Кико Коста. Сепак, бидејќи Португалија веќе го заврши настапот на ова ЕП, главен ривал на Гидсел за најдобар трелец на шампионатот ќе биде неговиот сонародник Питлик, кој моментно има три гола помалку од Матијас.

Данец води и на листата најдобри голмани, очекувано – тоа е Емил Нилсен. Асот на Барселона брани во топ-форма цел шампионат, при што има најмногу одбрани (69) со процент на интервенции од 31,94$ на ова европско првенство. Зад Нилсен во овa рангирањe е Халгримсон од Исланд (66 одбрани со 27,62% успешност) и Андреас Волф со 64 одбрани, со тоа што Германецот го има највисокиот процент на шампионатот  (32,16%)

Се вчитува...