Хрватска во финалето на Светското ракометно првенство сосема очекувано ќе се соочи со Данска. Актуелните трикратни светски шампиони во вториот полуфинален меч ја совладаа Португалија убедливо со 40-27 и ја продолжија серијата доминантни победи. Данска победи на сите осум натпревари на шампионатот, а единствено против Чешка славеше со помалку од десет гола разлика.
„На полувремето разговаравме за некои работи и во второто полувреме покажавме колку навистина сме добри. Ние сме тим што треба да го победиш ако сакаше да станеш светски шампион. Горд сум на овој тим. Не само затоа што сме одлични ракометари туку затоа што се држиме заедно и се поддржуваме еден со друг“ – истакна по вчерашната победа најдобриот стрелец на Данска, Матијас Гидсел, притоа дополнувајќи:
„Сега можеме повторно да освоиме злато. Да, чувствувам болки поради повредата, но утре ќе играм ако треба и без нога, а ако треба и без глава. Со нетрпение ја очекувам можноста да го донесам златото дома во Данска“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА