Данска во голем стил стигна до титулата европски првак во Хернинг, а атомскиот напад беше заштитен знак на скандинавската селекција во атакот на оваа круна.
Најдобар доказ за тоа е што двајца дански ракометари ја минаа границата од 60 гола на овој шампионат, при што Матијас Гидсел со 68 стана и апсолутен рекордери на европските првенства. Имено, Гидсел со оваа бројка зад себе го остави Сандер Сагосен, Норвежанецот кој имаше 60 гола на ЕП 2020.
Симон Питлик, кој исто така одигра првенство за паметење го заврши овој шампионат со 64 гола, само четири помалку од рекордерот Гидсел.
Само за потсетување, долг период рекордер во оваа категорија беше Кире Лазаров со своите 61 погодоци на ЕП 2012 во Србија. На овој шампионат остварувањето на македонската легенда го израмни португалското чудо од дете, Франциско Коста, со 61 гол на ЕП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

