Гидсел: Златниот медал ми значи повеќе од МВП-наградата

Матијас Гидсел одигра шампионат за паметење, во кое данскиот десен бек се закити со златниот медал, воедно стигна и до МВП признанието, но и постави рекорд за најмногу постигнати голови на еден европски шампионат.

По финалето и големата победа над Германија, Гидсел очекувано беше пресреќен од сето она што го оствари во изминатите две седмици почнувајќи од мечот со Македонија, а го круниса на вечерашното финале.

„Пресреќни сме, притисокот беше огромен, сите очекуваа злато, но не беше нималку лесно, имавме толку многу проблеми со повредите. Сепак, сега сето тоа е зад нас, на подиумот сме и ги имаме трите најважни трофеи. Дадов најмногу голови, но сето тоа се должи и на одличната игра на тимот, немаше да бидам така успешен без овие фантастични соиграчи. МВП признанието? Секако дека ми е мило за сите индивидуални награди, но златниот медал е она најважното, она што ме прави најсреќен во моментов“, истакна Гидсел.

Се вчитува...