ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Данска ја оправда фаворитската улога и рутински славеше на дуелот со Македонија со 36-24 во првото коло од ЕП 2026, откако светскиот првак демонстрираше сила на премиерниот меч во Хернинг.
Матијас Гидсел одигра уште еден одличен меч, постигна осум гола од девет обиди, но најдобриот ракометар на денешницата по мечот имаше пофални зборови за македонската репрезентација и за селекторот Кире Лазаров.
„Влеговме малку нервозно во мечот, сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Исто такa, знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да не изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната 5-1 во првото полувреме, за момент предизвика да не играме онака убав ракомет како вообичаено. „Фластерот“ на мене малку исфрли од ритам, но Лауге и Питлик потоа го искористија просторот што се отвори со таа зона и полесно ги решававме акциите. Македонија во секој случај покажа квалитет, верувам дека со подобра офанзивна игра би можела да се носи со Португалија“, изјави Гидсел по натпреварот со нашата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

