Нема помрднување во преговорите на Виктор Осимен и Наполи околу неговото останување во шампионот на Италија. Двете страни имале дури 13 состаноци, меѓутоа и натаму нема ништо од нов договор, јавуваат италијанските медиуми.
Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис има желба Осимен да потпише нов договор со екипата до 2027 година.
Во Наполи се уверени дека тоа е можно да се случи до крајот на годината, но како преговорите се одвиваат, вројатно најдобар период за нов договр ќе бида првите недели од 2024 година.
Нигериецот има бараање до Наполи платата да му биде 10 милиони евра годишно. За него има интерес од бројни клубови од Европа, како што се Реал Мадрид, Барселона, Челси, Манчестер Јунајтед, но и од Саудиска Арабија кои се подготвени да му ги исполнат неговите финансиски барања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА