Гигантот од Баскија во преговори за Елиф Елмас!

Елиф Елмас повторно е актуелен на фудбалскиот пазар откако стана јасно дека за македонскиот фудбалер нема место во тимот на Лајпциг. Рома и Торино покажаа интерес да го вратат Елиф назад во Серија А, но двата калчолигаши добија сериозна конкуренција од Шпанија, откако Реал Сосиедад се вклучи во трката за потпис на Елмас.

Баскијскиот клуб од Сан Себастијан уште на почетокот од годинава се интересираше за Елмас, тогаш Елиф имаше понуда и од Валенсија, но на крајот се реши за позајмица во таборот на Торино. Овојпат ситуацијата е поинаква, Лајпциг нема намера да дозволи нова позајмица во истиот клуб, а „торинезите“ нудат само 12 милиони евра, додека германскиот клуб инсистира на отштета од 18 милиони за македонскиот репрезентативец.

Шпанските медиуми најавуваат дека челниците на Реал Сосиедад го избрале Елмас како идеално засилување за својот тим. Воедно, овој клуб има блиски односи со Лајпциг по успешната соработка во претходните години, поради што се надева на интензивирање на преговорите во наредните денови. Според овие информации, во Реал Сосиедад се надеваат дека трансферот би можел да биде финиширан експресно, со што Елмас на самиот почеток од следниот месец би се преселил во Сан Себастијан.

Се вчитува...