Гигс е тапа-газда: Го затвори ресторанот, им остана должен не вработените

Рајан Гигс своевремено беше фудбалер од највисока класа, но тоа не може да се каже и за бизнис-способностите на Велшанецот. Последните информации поврзани за Гигс говорат за неговиот најнов неуспех во бизнис-светот, откако екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед бил принуден да го затвори ресторанот „George’s Dining Room and Bar“.

Гигс беше сопственик на овој локал уште од 2014 година, но мораше да прогласи стечај откако беа наталожени огромни долгови. Британските медиуми тврдат дека Гигс загубил 100.000 фунти во овој бизнис, но вкупната загуба е најмалку пет пати повисока.

Згора на тоа, вработените почнаа да се јавуваат со изјави по медиумите, жалејќи се од односот на поранешниот фудбалер.

„Беше навистина срамно. Се подготвувавме да тргнеме на работа, кога добивме СМС порака да не доаѓаме. Пишуваше дека жалел, дека мора да го затвори локалот, но долговите останаа. Ни се должат над 30.000 фунти, слушнавме ветувања дека ќе бидат подмирени, но барем засега немаме видено пари од Гигс“, откриваат вработените во „George’s Dining Room and Bar“ во изјава за таблоидот „Сан“.

Се вчитува...