Се случувало многу пати некој клуб да почне натпревар без ниту еден фудбалер од својата земја, но португалски Гимараеш ги надмина сите откако на вчерашниот дуел од Лигата на Европа против Салцбург – стартуваше со единаесет неевропски фудбалери.
Така, во првиот тим на Гимараеш се најдоа четири Бразилци, двајца играчи од Колумбија и по еден од Венецуела, Гана, Уругвај, Перу и од Брегот на Слоновата Коска.
Дури во 55. минута во игра влезе Португалецот Кико влезе во игра за да внесе „европски парм“ во таборот на Гимараеш, во чии редови потоа влезе и петти Бразилец, како и фудбалер од Зеленортските острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА