Гимнастичарите на Атлета од Куманово меѓу најдобрите на Државното првенство, на градот му треба гимнастичка сала (ФОТО)

Две златни, еден сребрен и две бронзени одликувања за гимнастичарите на „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во спортска гимнастика во поединечна конкуренција, кое се одржа во Битола.

Oдлични резултати за гимнастичарите на Атлета на првенството на кое клубот учествуваше со 19 натпреварувачи, од кои девет во машка и десет во женска конкуренција.

Во силна конкуренција со повеќе од 160 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија вкупно пет медали во поединечна конкуренција.

 

Во машки “А” програма до 9 години, Калин Илијевски освои прво место во категорија помлади пионери, а во „Б“ програма постари пионери Милош Јовановиќ исто така се избори за прво место.

Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади пионери, Младен Петрушевски и Марко Величковски освоија трето место во категорија помлади пионери.

„Во женската “Б” програма Вања Стојановска освои петто место во категорија постари пионерки во поединечна конкуренција“ – ни изјави тренерот Никола Златановски.

„По 27 години гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа. Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Исто така се надеваме дека “Соколана” може да биде целосно гимнастичка сала само за гимнастика, каде што ќе може нашиот град да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика. Гимнастички клуб Атлета полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата“ – вели и тренерот на клубот Филип Миленковски.

Се вчитува...