Гимнастиката живее во Македонија, и и тоа како е атрактивен спорт меѓу најмладата домашна популација. Потврда за тоа е извонредниот собир кој вчера се одржа во Куманово.
Државно првенство во спортска гимнастика во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и Општински сојуз на училишен спорт на Куманово, на кое учествуваат околу 170 натпреварувачи од десет градови од државата потврди дека гимнастиката мора да биде основата на секој спорт во Македонија
„Училишниот спорт претставува основна клетка а воедно и база за масовно вклучување на децата во спортот. Овој државен шампионат е потврда за интересот кој гимнастиката го буди кај младите“ – истакнаа стручните академски лица од областа на гимнастиката за време на вчерашното првенство во Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






























