Гинисов рекорд: Најстариот активен фудбалер зад себе има 2200 натпревари и нема намера да престане

Роберт Камерона следниот месец ќе полни 60 години и е најстариот активен фудбалер запишан во Гинисовата книга на рекорди. Зад себе има 45 години активен настап за 30 различни клуба и одиграни повеќе од 2200 натпревари.

Камерона активно игра од 1976 година и нема намера да престане. Вели дека формулата за долговечност e живот без алкохол и дрога, добрата исхрана, но и добар тренинг кој трае од шест до седум дена неделно. 59-годишникот не само што нема намера да престане со фудбал, туку прашањата за пензија го нервираат.

„Многу ме нервира кога некој ќе ме праша кога ќе одам во пензија. Зошто да одам во пензија, која е причината за тоа? Јас сум одбран, жива легенда, најстариот фудбалер на светот, а се осеќам како да имам 25 години. Немам намера да се пензионирам, не ни размислувам ан тоа. Уште некое време ќе ме гледате на теренот“, вели Камерона.

Во моментот Камерона работи во уругвајскиот клуб Хоче ун гол а ла вида кој се натпреварува во аматерското натпреварување Лига Метрополитана.

Се вчитува...