Четвртфиналето на Светското првенство за клубови се комплетираше ноќеска, и добивме уште едно евроско дерби. По победата над Монтереј, тимот на Борусија Дортмунд ќе игра против Реал Мадрид.
Од самиот почеток, Дортмунд ја наметна својата игра, се заканија неколку пати пред фантастичниот Серу Гираси. Тој и Адејеми предизвикаа многу проблеми за мексиканската одбрана. Токму тој тандем донесе предност од 1-0. Иако Корона можеше да израмни, по половина час предноста беше удвоена, повторно Адејеми и Гираси и повторно Африканецот за 2:0.
Тоа беше удар од кој Мексиканците не се опоравија, Гираси можеше да постигне хет-трик. На стартот од вториот дел, Бертераме веднаш намали, Монтереј нападна, имаше неколку шанси, иако Дортмунд можеше и порано да ја запечати судбината. Сепак, Германците се поискусни во вакви натпревари, нема сомнение дека се поквалитетни, одат во четвртфиналето, и таму ќе се сретнат со Реал Мадрид.
Нивните натпревари зачестија во последно време. Играа во финалето во ЛШ пред две години, а исто така играа и лани во групната фаза во ЛШ. На двата натпревари „кралевите“ славеа триумф.
Сите интересни моменти од мечот на следниот ЛИНК.
Who’s gonna win the FIFA Club World Cup? 🏆 pic.twitter.com/ktO4N1XEsO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

