Исландскиот ракометар Гисли Кристијансон, е прогласен за најкорисен играч на Ф4 турнирот.
Гисли беше прежален за денешното финале откако се повреди на мечот со Барса, а неговиот тренер денеска изјави дека неговиот тим е оштетен со оваа повреда и дека го чека долга пауза.
Денеска, по 15 минути игра во финалето, Гисли влезе во игра, не покажувајќи никаков знак дека е повреден. Постигна шест гола и беше еден од најдобрите ракометари на својот тим, по што заслужено ја доби наградата за најкорисен ракометар на завршниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА