Гитенс лут на Борусија што не го пушта да замине во Челси

И дефинитивно е јасно дека англискиот фудбалер Џејми Гитенс ќе игра за Борусија Дортмунд на Светското клупско првенство, откако „милионерите“ синоќа го ставија на списокот за ова натпреварување.

Меѓутоа таа одлука не ја прифати самиот играч, кој според некои медиуми, вчера лут ја напуштил тренинг базата на „милионерите“. Наводно самиот играч инсистирал на трансфер во Челси, затоа што негова желба била да игра во Премиерлигата.

Борусија Дортмунд одби 55 милиони евра, и бара 65 милиони за потписот на англиското крило, со што вчера стана јасно дека Гитенс нема да биде на располагање на Челси за престојното натпреварување. Останува преговорите да продолжат после Светското првенство за клубови.

Се вчитува...