Гјокереш бил на чекор до ПСЖ, трансферот го блокирал Луис Енрике

Виктор Гјокереш е голгетерот што се наоѓа во најдобра форма во европскиот фудбал во првиот дел од оваа сезона, откако шведскиот ас веќе има 24 гола на 21 натпревар во дресот на Спортинг Лисабон, севкупно во сите натпреварувања.

Француски “Foot Mercato” обелодени дека лесно можело да се случи овој одличен напаѓач уште пред повеќе од една година да го облече дресот на ПСЖ, откако директорот Луис Кампос водел интензивни преговори и на крајот го убедил Швеѓанецот да потпише за „светците“ од Париз. Сепак, целата работа пропаднала откако Луис Енрике јасно ставил до знаење дека тој фудбалер не му е потребен во тимот.

ПСЖ имаше проблем со класична „деветка“, но Енрике реши да ги доведе Рамос од Бенфика и Коло Муани од Ајнтрахт, трошејќи многу повеќе пари од оние 45-50 милиони евра за кои можеше да го има Гјокереш.

„Се беше договорено, а тогаш Енрике му се јави на Кампос и му кажа дека ако биде доведен во клубот, Виктор нема да игра кај него бидејќи не верува во неговите квалитети. ПСЖ потоа се откажа од трансферот“, пишува “Foot Mercato”.

За стручната проценка на каталонскиот стручњак можеме да говориме од денешна перспектива, Рамос и Коло Муани се покажаа како трансфер-промашувања на ПСЖ, додека Гјокереш блеска во дресот на Спортинг и неговата вредност стигна до 100 милиони евра. А ПСЖ во меѓувреме се мачи без врвен центарфор, додека тренерот експериментира со Асенсио како „лажна деветка“.

Се вчитува...