Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, би можел во јануари да го напушти тимот, и да се пресели во поголем клуб. Тимот е подготвен да го продаде својот напаѓач, за да не замине како слободен во јуни, со оглед дека му истекува договорот кон крајот на сезоната.
За Турам се заинтересирани Интер и Баерн Минхен, а „Баварците“ се во прв план. Баерн уште летоска му понудил пет години договор, но тој се реши да остане во Борусија М.
Според информациите од Германија, Баерн Минхен ќе има „џекпот“ и ќе може да го добие потписот на Турам за 10 милиони евра.
На 15 меча сезонава, Турам постигна 10 гола, и имаше 3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

