Гласајте за Џани: Голот на Алиоски меѓу четирите најубави во изборот на УЕФА

Евр0голот на Езгјан Алиоски против Белгија апсолутно заслужено се најде на листата од најубави четири погодоци во оваа квалификациска рунда.

УЕФА вообичаено бира четири погодоци од кои фановите потоа го избираат најубавиот, а Алиоски за главен ривал го има Норвежанецот Нуса и неговото ремек-дело против Италија. Покрај него, во конкуренција за најубав погодок се уште и Хрватот Перишиќ против Гибралтар, како и чешкиот репрезентативец Хложек со голот на дуелот против Црна Гора.

Својот глас за Џани Алиоски за најубав гол во третото коло од квалификациите за СП 2026 можете да го дадете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...