Горан Главчев ќе продолжи да ги брани боите на Кожув откако денеска и официјално потпиша нов едногодишен договор со овој македонскиот прволигаш.
Искусниот бек и лани беше меѓу најзабележителните домашни играчи во таборот на Кожув, тренерот Алек Јончевски бараше тој да остане во клубот, по што експресно беа договорени условите за соработка и за сезоната 2023/24.
За потсетување, Кожув вчера го потпиша и првото засилување за наредната сезона, искусниот Димитар Караџовски, а се очекува во наредните денови да бидат официјализирани и трансферите на Пандев и Митевски од МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА