Главчев: Oва е важен чекор во градењето на новата енергија и визија за машката сениорска репрезентација

Првиот човек на МКФ, Томица Главчев, не го криеше задоволството од ангажманот на Хозе Марија Берокал како прв шпански стратег на чело на македонската репрезентација.

Успешниот бизнисмен верува дека со овој потег ќе се направи чекор напред во функционирањето на националниот тим.

„Оваа прес-конференција за нас претставува важен чекор во градењето на новата енергија и визија за машката сениорска репрезентација. Денеска имаме чест да го претставиме Хозе Марија Берокал како нов селектор, тренер со препознатлив систем, јасна кошаркарска филозофија и богато искуство. Убедени сме дека ќе донесе нов квалитет и го крене нивото на функционирањето на националниот тим. Прв асистент ќе биде Ѓорѓи Кочов, веруваме дека оваа комбинација ќе биде одличен баланс за процесот што не очекува. Како федерација остануваме цврсто определени кон враќање на позитивниот импулс во репрезентацијата, пред нас се сериозни предизвици, но и можности… и веруваме дека со заедничка работа и поддршка од јавноста можеме да ја поставиме нашата репрезентативна кошарка по патеките каде што заслужува да се движи“, истакна Главчев.

Се вчитува...