Македонската кошаркарска репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет претквалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година.
На самиот почетокот на подготовките порака испрати и претседателот на КФМ, Томе Главчев.
„Она во што сум убеден е дека „болеста“ која во изминатиот перид, за жал, многу често беше дел од нашиот тим, од нашата репрезентација, ќе ја оставиме позади нас, и ве уверувам дека момциве кои што чувствуваат дека припаѓаат на македонската репрезентација, ќе се обидеме тоа нивно чувство и да го оправдаме.
Да ги задоволиме вашите потреби и барања, и ние сакаме, не само вие да бидете дел од нас, туку и ние да бидеме дел од вас. Уште еднаш, пред се, сакам да ви посакам, многу здравје, имајте верба во вас, она што селекторот го зборуваше за хемијата, таа хемија секако ќе биде и од наша страна, подадена рака кон вас.
Сакам заедно да покажеме на оваа земја дека ова не се само први почетоци кон некој подруг пат, кон некое по друго чувство, за тоа како би требало да биде кошарката во иднина.
Јас сум свесен дека пред нас стојат големи предизвици. Моите очекувања не се „денес сакам жена, сега сакам жена“. Очекувањата се, полека, внимателно, трпение, и да бидеме сите заедно. И ќе бидеме“, порача првиот човек на македонската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

