Некои од играчите на ПСЖ се незадоволни од трансфер политиката на клубот. Неколку важни играчи сметаат дека тимот е послаб од минатата сезона, односно дека директорот Кампос донел погрешни проценки околу летните трансфери.
Дел од тимот не сфаќа зошто требаше тимот да се раздели со Леандро Паредес, Идриса Геј и Јулијан Дракслер, а на нивно место да се донесат Витиња, Солер и Руиз. Тимот верува дека сите тројца не се правилна опција за клубот, иако Солер котира подобро од Витиња и Руиз.
Некои исто така изразиле незадоволство од фактот што тимот не ангажираше централен дефанзивец. Нејмар и Маркињос ја критикуваат работата на спортскиот директор Луис Кампос. Токму меѓу овие тројца настанало недоразбирање после мечот со Монако, кога имаше шпекулации дека играчите се свртеле против Кампос поради лошата трансфер политика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА