Главоболка за Клоп: Големиот ас ја обнови повредата

Проблемите со повредени фудбалери на Ливерпул продолжуваат и за време на мундијалската пауза, откако Јирген Клоп се соочи со сериозна главоболка по само неколку дена од тренинг-кампот во Дубаи.

Луис Дијаз, кој требаше да се врати на терените до крајот на годинава по тешката повреда на коленото, сепак ќе мора да мине уште извесно време надвор од терените. Колумбискиот крилен офанзивец се пожалил на болка во пределот на коленото, по што веднаш е испратен назад во Велика Британија, на детални лекарски прегледи чии резултати со нетрпение ќе бидат очекувани од Клоп и неговиот стручен штаб.

Првите прогнози не се оптимистички, па Дијаз не се очекува назад на теренот до почетокот на февруари, период до кој Клоп нема да може да смета ниту на Диого Жота.

Се вчитува...