Наполи се соочува со нов сериозен проблем откако беше утврдено дека заработената повреда на Давид Нерес е од посериозен карактер.
Бразилецот се повреди на дуелот со Лацио на 4 јануари, по што не настапи на дербито со Интер. „Наполитанците“ се надеваа дека со мирување состојбата ќе се подобри, но последните лекарски прегледи донесоа лоша вест – Нерес ќе мора да оди на операција на тетивата. Првичните прогнози се дека крилниот офанзивец ќе може да се врати пред крајот на сезонава, но тоа речиси сигурно нема да биде пред почетокот на месец март.
Добра вест за Конте е што барем Ромелу Лукаку ги надмина проблемите со повредата, па белгискиот џин е подготвен по петмесечна пауза, па овој одличен голгетер наскоро ќе се врати и на калчолигашките терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

