Трент Александар-Арнолд беше заменет од игра поради очигледна повреда на мускулот три минути по почетокот на натпреварот на Реал Мадрид со Марсеј во Лигата на шампионите уште вотретата минута. Англичанецот ја доби повредата на мускулот по спринт без контакт. Најверојатно станува збор за тетивата.
Александар-Арнолд имаше многу лош почеток на својата кариера во Мадрид, со повреди и лоша форма, по што повеќе мина на клупата отколку на теренот. Тој ќе отсуствува уште еден период, чие точно времетраење ќе се знае дури откако ќе му бидат извршени дополнителни тестови.
Да потсетиме, Александар-Арнолд пристигна во Реал од Ливерпул во текот на летото. Неговиот договор со англискиот шампион истече, но тој не дојде бесплатно. Реал му плати на Ливерпул 10 милиони евра за да може да биде достапен на Светското клупско првенство. Неговата годишна плата е 17,5 милиони евра.
Тој постигна 27 гола и имаше 93 асистенции во 358 натпревари за Ливерпул. Тој ја освои Лигата на шампионите и две англиски првенства со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

