Реал Мадрид дојде до лесна победа во дуелот со Лас Палмас на домашен терен од 2-0 во одиграното 7. коло во Ла Лига. „Кралевите“ скапо ја платија оваа победа, затоа што останаа без двајца дефанзивци.
Во текот на мечот се повредија Давид Алаба и Антонио Ридигер. Ова го потврди тренерот Карло Анчелоти, а повредата на Алаба е далеку посериозна.
„Давид нема да игра со Жирона, Ридигер доби удар“, рече италијанскиот стручњак по мечот.
Алаба беше заменет уште во првото полувреме, а прогнозите се дека има проблем со адукторот. Ридигер би требало веднаш да се врати на тренинзите, пред натпреварот со Жирона, кој изненадувачки е на челната позиција на табелата во шпанската Ла Лига по 7 одиграни кола.
Јасно е дека Реал Мадрид во моментов е без услугите на повредените Милитао, Куртоа, а го нема ниту Винициус Жуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

