Јулијан Нагелсман, тренерот на Баерн Минхен, изјави дека постои голема можност германскиот голман Мануел Ноер да го пропушти Мундијалот во Катар.
СП почнува за три недели, а голманот на Германија се уште ја рехабилитира повредата на рамото.
„Не можам да кажам категорично дека ќе го пропушти Светското првенство, но не можам да кажам ниту дека ќе игра. На Ноер му треба одмор. Повредите на рамото се сложени. Не очекувам да се врати пред почетокот на Мундијалот. Правиме се што можеме за да го вратиме, но не знам дали тоа ќе се случи“, изјави Јулијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА