Баерн Минхен неочекувано го прекина победничкиот чекор во Бундес-лигата играјќи само 0-0 на „Алијанц арена“ против Херта, а по мечот дојдоа и нови главоболки за тренерот Јуп Хејнкес. На повреда на скочниот зглоб се пожали францускиот интернационалец Кингсли Коман. Тој влезе во второто полувреме на местото на Франк Рибери и се повреди при еден дуел, но мораше да остане на теренот до крајот, со оглед дека Хејнкес веќе направи три замени.
Првичните информации се дека Коман ќе мора да паузира најмалку две седмици од фудбалските терени. Фудбалерот во текот на денешниот ден ќе замине на детални лекарски прегледи, по што биде утврдена и точната дијагноза, како и планот за опоравување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА