Новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани се соочува со огромен проблем на самиот почеток на новата сезона откако остана без услугите на бекот Саша Бои кој заработи повреда на менисусот на левото колено за време на тренинг, што за него е втора повреда откако пристигна во германскиот клуб во јануари.
Тој веќе помина низ оперативен зафат и ќе отсуствуа од терените на подолго време што значи дека германскиот гигант остана без фудбалер на позицијата десен бек бидејќи повреден и е Јосип Станишиќ, хрватскиот репрезентативец чиј камбек на терените се очекува во месец ноември.
Баерн Минхен ова лето дозволи заминување на Насер Мазрауи во Манчестер Јунајтед па позицијата сега се очекува да ја пополни Џошуа Кимих кој и во минатото настапуваше како бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА