Нови кадровски проблеми за Енцо Мареска – Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Аргентинецот се повреди за време на тренинг кампот на репрезентацијата и сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува. Ова е голем проблем за Енцо Мареска со оглед на тоа што Кол Палмер е надвор од терените до почетокот на ноември, додека одбраната е десеткувана.
Тосин Адарабиохо, Беноа Бадијашил и Весли Фофана се надвор од теренот, додека Леви Колвил ја заврши сезоната ова лето поради сериозна повреда на коленото.
Останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета овој викенд кога Челзи ќе гостува кај Нотингем Форест, а потоа ќе следат Ајакс и Сандерленд на Стемфорд Бриџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

