Главоболки за Мартинез: Белгија без двајцата најдобри во четвртфиналето против Италија

Белгија успеа да ја симне Португалија од тронот на европскиот фудбал, но „црвените ѓаволи“ скапо го платија тој триумф по повредите што ги заработија двајцата најдобри фудбалери на оваа селекција, Кевин де Бруине и Еден Азар.

Де Бруине го повреди скочниот зглоб при еден противнички старт во првото полувреме, се обиде да продолжи, но во вториот дел самиот побара замена. Азар во финишот беше заменет со Караско, а веднаш по мечот самиот ас на Реал Мадрид обелодени дека почувствувал болка во мускулот.

„За Де Бруине ситуацијата е јасна, проблемот е во зглобот, тој не можеше воопшто да се движи во второто полувреме. Азар се жалеше на мускулот, веднаш по враќањето во Белгија ќе им извршиме детални прегледи, по што ќе се знае дали и колку ќе мора да паузираат“, изјави селекторот Роберто Мартинез.

Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Белгија ќе се игра в петок со почеток во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Се вчитува...