Главоболки за Саутгејт, со повреда на глуждот се мачи Хари Кејн

На десетина дена до стартот на Светското првенство во Русија, фудбалската репрезентација на Англија се соочува со неволја. На повреда на скочниот зглоб се жали првиот напаѓач Хари Кејн, кој ќе го предводи тимот на гордиот Албион и како капитен на овој мундијал. Тоа секако му носи нови главоболки на селекторот Герет Саутгејт.

Англија својот прв меч од групниот сегмент на Светското првенство ќе го има на 18 јуни против Тунис, а подготовките ќе ги заокружи со пријателскиот натпревар против Костарика в четврток.

 

Се вчитува...