Арсенал ќе биде без летното засилување Александре Лаказет во саботното дерби против Манчестер јунајтед. Францускиот напаѓач се здоби со повреда на препоните пред два дена во големата победа (5-0) над Хадерсфилд, беше приморан да седне на клупа по 45 минути игра, а Арсен Венгер потврди дека Лаказет е отстранет од составот за следниот меч.
„Лаказет ги истегна препоните и дефинитивно нема да биде составот за дуелот против Манчестер јунајтед. Ситуацијата со Санчез е пооптимистична, иако и тој беше заменет против Хадерсфилд поради мала повреда, не се работи за ништо сериозно и очекувам да биде на располагање. Нормално дека идеално за нас би било да го имаме Лаказет како на напаѓач кој ќе претставува најголема закана за одбраната на Јунајтед, но имаме и други опции, тука се Велбек, Жиру, Вилшер. Сите тие се офанзивни фудбалери, па сметам дека немаме проблем со изборот за најистурен играч во нашата формација“, истакна Венгер.
Арсенал нема да биде потполно хендикепиран, Санчез ќе стартува од првата минута, а големи се шансите и Ивоби да биде „фит“ за утрешното дерби, но далеку е од почетниот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА