Глазгов е обоен во зелено-бело, Селтик чекори кон титулата во Шкотска

Селтик направи огромен чекор напред кон титулата во шкотското првенство откако „зелено-белите“ по голема битка на гостински терен го совладаа вечниот ривал Глазгов Ренџерс со 1-2. Формата на ренџерси продолжува да се движи во надолна лиија по заминувањето на Стивен Џерард од клупата, Холанѓанецот Ван Бронкхорст не успеа да ја продолжи успешната серија резултати на својот претходник, па по денешниот пораз „сино-белите“ заостануваат огромни шест бода зад лутиот ривал.

А дербито почна феноменално за домашните фудбалери, кои во првата посериозна шанса поведоа преку Арон Рамзи со 1-0. Радоста траеше само неколку минути бидејќи Рогич eкспресно израмни на 1-1, по што Селтик си ја врати самодовербата. Глазгов Ренџерс имаше повеќе од поседот над топката, но гостите ги имаа најубавите шанси во првото полувреме, пред конечно да погодат во 42. минута, кога Картер Викерс се снајде најдобро во една мешаница и успеа да го совлада одличниот Мекгрегор.

Домашните фудбалери се обидоа да стигнат до израмнување, но не успеаја во тоа, па со шест бода негатива ќе влезат во последните шест овосезонски кола, со само теоретски шанси за одбрана на титулата.

Се вчитува...