Глазгов обоен во зелено-бело: Селтик го освои „Ајброкс“

Селтик покажа зошто е актуелен првак на Шкотска откако „зелено-белите“ во големото дерби триумфираа на гостински терен против големиот ривал Глазгов Ренџерс со 0-2.

Ова беше прв пораз на Стивен Џерард на „Ајброкс“ од вечниот ривал, апсолутно заслужен неуспех со оглед на слабото издание на Глазгов Ренџерс во текот на сите 90 минути. Едуард го отвори резултатот во 32. минута, а ситуацијата не се промени ниту со влегувањето на Оџо и на Морелос во второто полувреме.

Точка на вечното дерби стави Хејс со гол во 89. минута, а домаќините во судиското продолжение останаа и со фудбалер помалку, по црвениот картон што го заработи Џонс.

Се вчитува...